Поврзете се со нас

Шпанија

Бускетс го прекина последниот напад на Кадиз со втора топка и се погрижи за хаос на теренот (Видео)

Објавено

на

Серхио Бускетс важи за еден од најмирните и најкоректните фудбалери во шпанскиот фудбал, но изминатава вечер и ова утро, им даде шанса на противничките фанови да го оцрнуваат неговото име поради потегот кој го приреди во 96-та минута од мечот.

Во последниот напад на Кадиз, две топки се најдоа на теренот, а со очигледна намера, Бускетс го погоди противникот Салви и го натера главниот арбитар да ја прекине играта.

Играчот за врска на Барса доби жолт картон поради некоректно и непрофесионално однесување, а со својот потег, приреди и хаос и бесни реакции од Роналд Куман.

Тренерот на Барса не беше воодушевен што опомена добива Бускетс, но тој мина многу полошо, бидејќи беше исклучен од судијата Дел Серо кој се размафта со картони во завршницата.

Претходно, главниот судија на мечот го исклучи и Френки Де Јонг, па Барса последните 30 минути од мечот кој заврши 0:0 го играше со човек помалку на теренот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни