Поврзете се со нас

Шпанија

Бускетс ги посочи играчите кои најдобро можат да го заменат во Барселона

Објавено

на

Серхио Бускетс ја одигра последната сезона во дресот на Барселона, екипа на која верно и служеше од 2008 година (сениорско ниво) кога шанса му даде Пеп Гвардиола, шанса која максимално ја искорисит и 15 години беше меѓу клучните играчи на шпанскиот великан.

Барселона ќе мора да пронајде соосветна замена за него што воопшто нема да биде лесна мисија, играч кој ќе може да одговори да задачата, да ја пополни таа позиција која е многу важна за клубот од „Камп Ноу“.

Проблем за Барса е и тоа што и финанските не стои најдобро, па ќе мора да најде решение, формула која ќе овозможи да добие засилување која ќе може да даде голем придонес на теренот. Серхио зборуваше отворено и посочи кои играчите можат најдобро да го заменат-тоа се Родри од Манчестер Сити и Мартин Зубименди од Реал Сосиедад.

-Мислам дека ако сакаме да продолжиме со филозофијата што ја живеевме во најдобриот период на Барса и во која живееше и слепо верува и нашиот тренер, Зубименди и Родри се спектакуларни, можеби се најслични. Иако е точно дека секој има свои карактеристики и како што реков претходно, нема двајца исти играчи. Сепак тие имаат клубови и тешко е да ги добијат, па ќе видиме што ќе направи клубот на крајот бидејќи тоа е работа која не ми е позната.

-Тие ќе се обидат да ја најдат најдобрата опција и тренерот има многу добар вкус во изборот на играчи. Друга работа е дали е повеќе или помалку изводливо, -вели Бускетс кој смета дека не смее да се заборави ниту на опцијата Нико Гонзалес кој во изминатива сезона беше позајмен во Валенсија.

-Има и опција Нико кој беше на позајмица, локален играч кој го знае системот. Исто така треба да им дадеме можности на младите, -порача Серхио за „Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни