Бушар и Стивенс имаат со што да се пофалат: ,,Спортс Илустрејтед” ги почести со разголена фотосесија

Sports Ilustrejt 1

Јуџин Бушар, канадската тенисерка, која неофицијално важи за една од најубавите тенисерки на денешницата, на социјалните мрежи се пофали со нејзината фотосесија за позната магазин ,,Спортс Илустрејт”.

Бушар во моментов е надвор од 100 најдобри тенисерки на ВТА листата и не може да се пофали со добар резултат измината година. Таа иако има 23 години до сега нема победено и освоено ВТА титула во кариерата.

Нејзиниот најголем дострел се случи во 2014 година кога се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен и Ролан Гарос, а успеа да стигне и до финалето на Вимблдон, а со тоа и да се најде и на петтото место на ВТА за 2014 година.


Инаку покрај неа, од тенисерките, фотосесија направи и Слоан Стивенс, која изненади со нејзините облини. Стивенс го привлече вниманието на себе со освојувањето на УС Опен во 2017 година и во моментов се наоѓа на 12.место на ВТА листата.

Facebook Коментари