Зимски спортови
Бурлеска од скандал: Адвокатот на Валиева се сомнева во апчињата на дедо ѝ

Ана Козменко е адвокат на 15-годишната Камила Валиева, руската олимпијка која мина низ 7 часовно испитување пред да добие дозвола да продолжи со настапите на ЗОИ во Пекинг, при што на арбитражните органи им посочила пример дека спористката можела да дојде во контакт со забранетата супстанца во нејзиниот дом, бидејќи дедо ѝ примал такви лекарства.
– Постојат комплетно различни начини за тоа како забранетата состојка дошла во нејзиното тело. На пример, нејзиниот дедо користел иста чаша и дел од неговата плунка останала на чашата кога Камила ја користела. Или лекарството да било оставено некаде, на извесна површина, па оттаму на чашата од која што пиела,- гласи цитатот објавен во „Правда“, а кој е титулиран на адвокатката Ана Козменко.
Според наодот, Светската антидопинг агенција земала примерок од урината во декември, но го објавила дури откако таа станала носител на олимписки медал во една од дисциплините.
Бидејќи не е полнолетна, руската лизгачка спаѓа во „заштитена категорија“ на спортисти и поради тоа арбитражните власти одлучија да и овозможат да продолжи со настапите, но во прв момент нема да има церемонија со доделување на медалите.
Валиева треба да настапи денеска, но даде изјава дека е емотивно исцрпена.
– Овие денови беа мошне тешки за мене. Среќна сум, но емотивно заморена. Ова се солзи за среќа и малку тага. Но, задоволна сум дека ќе продолжам со настапот и ќе направам се за достојно да ја репрезенитирам мојата земја,- изјави Валиева.
Таа, како и и другите руски спортиски не смее да настапи под руско знам, туку како „спортист на Рускиот олимписки комитет“, поради казната изречена за сомнежите за систематски допинг на спортистите од оваа земја, која првично изнесуваше четири години, но беше намалена на две.
Светската анти-допинг агенција WADA ја обжали одлуката Валиева да настапи и најави сопствена истрага во соопштението издадено по овој повод.
-
Македонијапред 17 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Македонијапред 15 часа
Дејвис со оригинален коментар по Куп драмата: Овој тим на Вардар има „кохонес“
-
Германијапред 22 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 21 час
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Италијапред 23 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Македонијапред 17 часа
Херојот Талески: Пресуди името Вардар, Пелистер нема играч кој презема одговорност!
-
Италијапред 6 часа
Објаснување за нереалниот погодок: Тео обелодени што помислил кога ја прими топката на 80 метри од голот (Видео)
-
НБАпред 6 часа
Доктор Дончиќ и Далас го прегазија Феникс во мајсторката, Бостон му пресуди на шампионот (ВИДЕО)