Поврзете се со нас

Италија

Бурен викенд за Локатели: Донесе победа за Јувентус, а денеска потпиша за „нов клуб“

Објавено

на

Мануел Локатели вчера донесе голема радост за фановите на Јувентус, постигнувајќи го единствениот гол на градското дерби со Торино, а со чија помош „бјанконерите“ врзаа три победи по ред во Серија А.

Италијанскиот репрезентативец очекувано се покажува како сериозно засилување на средниот ред на Јувентус, а ова му е веќе втор погодок во домашниот шампионат.

За овој викенд да му биде посебно запаметен, Локатели се погрижи и со специјален потег на приватен план, барајќи ја раката на својата досегашна девојка Теса.

Фудбалската ѕвезда објави фотографија со прстенот, по кој стигнало и посакуваното „Да“, за што доби многу честитки од своите колеги и фановите.

Локатели ги посветува своите голови токму на Теса, правејќи ја буквата Т со рацете.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни