Поврзете се со нас

Германија

Бундеслигата ќе стартува на 16. мај со големо дерби меѓу двата лути ривали (Фото)

Објавено

на

Канцеларката Ангела Меркел како предводник на германската власт вчера даде зелено светло за продолжување на фудбалските возбудувања во Бундеслигата, па така денеска Фудбалската Федерација во оваа земја го објави и распоредот до крајот на сезоната која по се изгледа, ќе го добие својот шампион на теренот.

Иако имаше три сценарија за рестартирање на сезоната, денеска стана јасно дека избрано е најповолното за сите кои со нетрпение чекаат фудбaлот да се врати на малите екрани, бидејќи Бундеслигата ќе започне на 16-ти мај.

Денеска било одлучено дека најдобро е колото да стартува во сабота наместо во петок, а возбудувањата ќе започнат со големо дерби меѓу двата лути ривали од рурската област.

Борусија Дортмунд ќе го пречека Шалке 04 на „Сигнал Идуна парк“ во 15:30 часот во сабота на 16-ти мај, ден за кој се закажни и пресметките меѓу Лајпциг – Фрајбург, Хофенхајм – Херта, Фортуна – Падерборн, Аугзбург – Волфзбург и Ајтрахт Франкфурт – Менхелгладбах.

Наредниот ден, недела, програмата ќе стартува со мечот Келн – Мајнц, ќе продолжи со дуелот меѓу Унион Берлин и Баерн Минхен, а ќе заврши со дербито Вердер – Леверкузен.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни