Поврзете се со нас

Германија

Бундеслигата драстично ја намали зимската пауза

Објавено

на

Германската Бундеслига ќе започне на 18. септември со дуелот меѓу Баерн Минхен и Шалке 04, но раководството реши значително да ја намали вообичаената зимска пауза.

Новата сезона која ќе доцни поради паузата предизвикана од коронавирусот треба да заврши навреме бидејќи следното лето има и Европско првенство, а поради тоа Германците решија паузата да трае само 11 денови и да заврши на 2. јануари.

Тоа е далеку од досегашната пракса, бидејќи бундеслигашите имаа најдолга пауза поради временските услови, но сега ќе мора да исфорсираат побрз финиш на сезоната.

Супер Куп дуелот меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд е закажан за 30. септември, а лигата веќе работи на тоа да дозволи одреден број гледачи на трибините.

Доколку Баерн стигне до финалето на Лигата на шампионите, ќе добие дополнителни денови за одмор, па ќе има промени во термините за првото коло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни