Поврзете се со нас

Германија

Бундеслигашот има нов тренер: Унион Берлин избра свој човек за наследник на Свенсон

Објавено

на

foto: x.com/fcunion_en

Бундеслигашот Унион Берлин пред неколку дена се раздели со тренерот Бо Свенсон, но и во исто време вети дека за брзо време ќе го затвори ова прашање со назначување на соодветна замена, стратег кој ќе има задача да испорача подобри резултати во 2025 година.

Изборот падна на 52-годишниот Штефен Баумгарт кој е поранашен член, напаѓач и капитен на составот од германската престолнина. Баумгарт има водено повеќе клубови меѓу кои Магдербург, Падерборн, Келн и Хамбургер каде го имаше последниот ангажман до ноември оваа година.

-Со нетрпение очекувам да се вратам во Бундеслигата и во Унион. Сигурно е предност да се познава добро клубот и многу луѓе овде. Немаме многу време да се подготвиме и ќе работиме интензивно со играчите за да бидеме подготвени за задачите кои ни се пред нас, -порача новиот тренер на Унион.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни