Поврзете се со нас

Германија

Бундеслигашот го обезбеди неговиот потпис: Германски репрезентативец ќе го облече дресот на Дортмунд

Објавено

на

foto:twitter.com/BlackYellow

Борусија Дортмунд експресно го реши тренерското прашање со назначување на Нури Шахин на нов предводник, но допрва ќе мора да замени некои играчи кои си заминаа како што се на пример искусниот Матс Хумелс и Марко Ројс.

Кога се работи за стоперската позиција „милионерите“ веќе имаат повлечено конкретен потег и последните вести се дека е обезбеден потписот на германскиот репрезентативец, Валдемар Антон.

Антон е дел од германската селекција на ЕП и тоа по одличната сезона во Штутгарт, сезона која ќе му овозможи преселба на „Сигнал Идуна Парк“. Дортмунд ќе ја активира откупната клаузула од 22 милиони евра, а централниот дефанзивец ќе се обврзи на соработка во наредните четири години.

Во досегашната кариера има настапувано само уште за Хановер 96 од чија што школа и потекнува.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни