Поврзете се со нас

Германија

Бундеслигашот е подготвен да се откаже од репрезентативецот: Лајпциг ја одреди цената за Елмас

Објавено

на

Елиф Елмас не се изнаигра во РБ Лајпциг по доаѓањето од Наполи иако ова требаше да биде исчекор во неговата кариера, клуб во кој дополнително ќе се афирмира и ќе си ги отвори вратите за поголем транфер во иднина.

Меѓутоа нашиот репрезентативец никогаш вистински не доби шанса од тренерот Марко Розе и како што стојат работите може лесно да се случи по само една година да го напушти бундеслигашот.

И Лајпциг како клуб е отворен за оваа опција, па така „Спорт Билд“ сума од 15 милиони евра ќе биде доволна за да Елмас заврши во друга средина. „Биковите“ платија над 20 милиони евра за офанзивецот, но е подготвен да прифати и загуба за да се ослободи од некогашниот член на Работнички и Фенербахче.

Тој во актуелнава сезона има одиграно само 89 минути на 6 натпревари во сите конкуренции. Актуелниот договор му завршува на 30 јуни 2028 година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни