Поврзете се со нас

Германија

Бундес-мајсторија: „Проектилот“ на Лајмер за кој решение немаше ниту Нојер (Видео)

Објавено

на

Баерн Минхен покажа класа во втората дерби пресметка која се одигра денеска во Бундеслигата, па така по седумте гола кои ги видовме на „Бај Арена“, вечерва актуелниот шампион и Лајпциг понудија меч со пет погодоци.

Борусија Дортмун славеше со 3:4 против Леверкузен, а гостинска победа оствари и Баерн Минхен на „Ред Бул арена“, пред се благодарени на извонредната реализација и добрите акции.

Баварците на крајот славеа со уверливи 1:4 и стигнаа до 10-от бод во четвртото коло, но во обидот домаќинот да се избори за почесен пораз, најубавиот гол го постигна Конрад Лајмер.

Австриецот испрати страшен „проектил“ кон голот на Баерн и истиот беше неодбранлив и за фантастичниот Мануел Нојер, кој со својата парада се погрижи овој погодок да биде уште поатрактивен.

Претходно, Левандовски во првото полувреме погоди од пенал за 0:1, а до 58-та минута и ремек-делото на Лајмер, во листата на стрелците се запишаа и Мусиала и Сане кои погодија за 0:2 и 0:3. Во самиот финиш, Максим Чупо Мотинг на доста лесен начин ги постави конечните 1:4.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни