Поврзете се со нас

Италија

„Бум-бум“ Иле: Несторовски доби вистинска шанса и ја реши Фиорентина (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски беше херојот на Удинезе на денешниот првенствен меч против Фиорентина во Серија А.

Нашиот напаѓач конечно доби вистинска шанса од тренерот Готи, шанса од првата минута и за тоа врати со погодок за победа од 1-0. Прилепчанецот ја одигра комплетната пресметка, а голот вреден три бода го даде во 86 минута со удар со глава по асистенцијата на Де Пол.

Ова за Несторовски беше втор првенствен погодок во актуелнава кампања, првиот го даде против Торино во месец во декември во меч во кој неговата екипа исто забележа победа (3-2).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни