Поврзете се со нас

Типување

Букмејкерите го понижија Мурињо, најава за голема возбуда во Милано!

Објавено

на

blank

Коефициентите за натпреварите од претстојното коло во англиската Премиер лига откриваат дека најавеното дерби меѓу Манчестер Сити и Тотенхем всушност се перцепира како сигурни три бода за тимот на Пеп Гвардиола.

Кусата анализа на понудата вели дека коефициентот за победа на домашните е 1,34 или речиси исто како и коефициентот за победа на Манчестер Јунајтед на гостувањето кај Вест Бромвич Албион – 1,315. Според онлајн квотите сигурен фаворит е и тимот на Челси, кој на домашен терен игра со Њукасл, при што за победа на домашните се нуди 1,235.

На сите три споменати средби, успехот на противничкиот тим се смета за речиси невозможен, што го докажува и коефициенот: Тотенхем за победа котира со 8,7 коефициент, додека Вест Бромвич со 9,6. Најмалку шанса му се дава на Њукасл, каде што коефициентот од 13,5 укажува дека Челси е тотален фаворит.

Но, ако во Велика Британија се очекува фаворитите да имаат лесен викенд, турбуленции ќе има на натпреварите од Серија А. Ова коло лидерот Милан гостува кај Специја, а Јувентус кај Наполи. Иако „росонерите“ се изразит фаворит, сепак шансата за победа се оценува со коефициенот 1,504 додека за победа на Јувентус се нуди добивка со коефициент 2!

Овие два натпревари се играат в сабота и тоа во Неапол од 18 часот, а во Специја од 20 часот и 45 минути. Најнеизвесно се чини ќе биде во недела, кога се среќаваат второпласираниот Интер и петтиот Лацио, при што шансата за победа на домашните се проценува со коефициент 1,77 додека на гостите со 4,54.

На терените во Шпанија, букмејкерите предвидуваат лесна победа на Барселона како домаќин со Депортиво (коефициент 1,31), додека Реал Мадрид иако исто така игра на домашен терен, сепак ќе има за нијанса понезгоден противник во Валенсија (коефициент за победа 1,41).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни