Поврзете се со нас

НБА

Букер ги воодушеви фановите на Феникс, неговиот тим поведе против Клиперс

Објавено

на

Феникс го отвори финалето на западната конференција во НБА плејофот, со победа над Лос Анџелес Клиперс (120:114) пред своите фанови во Аризона.

Отсуството на Крис Пол и Кавај Ленард беше голем хендикеп за двете екипи, но домаќините подобро се снајдоа во последната четвртина и поведоа во битката за големото НБА финале.

Девин Букер ги водеше „сонцата“ до позитивен резултат, реализирајќи 40 поени, но и 13 скокови и 11 асистенции за многу важен трипл-дабл учинок вреден победа.

Ејтон со 20 и Бриџис со 14 поени беа следните најдобри реализатори кај Феникс, додека кај Клиперс, Џорџ го заврши натпреварот со 34 поени, додека Џексон постигна 24 на оваа средба.

Од 2 часот наутро ќе се игра мајсторката меѓу Филаделфија и Атланта на Истокот, по што ќе биде познат противникот на Милвоки во финалето на оваа конференција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни