Бујукчекмече победи во Белгија, Стојановски повторно двоцифрен

Stojanovski-Mons

Турскиот клуб Бујукчекмече славеше на незгодното гостување против Монс со 69:64 и со четири победи се издвои на првото место во својата група од ФИБА Европа купот.

Војдан Стојановски повторно имаше важен учинок за својот тим, реализирајќи 11 поени, 2 асистенции и 1 скок, а најефикасен бил Брејси Рајт со 19 поени.

По овој гостински триумф во Белгија, Бујукчекмече има 9 бодови, а зад него останаа Монс и Сигал со по 8 бодови. Интересно, турскиот тим успеа на најдобар можен начин да му се реваншира на Монс, откако овој тим му го нанесе единствениот пораз досега и тоа на домашен терен.

Facebook Коментари