Бујукчекмече ја започна втората фаза на ФИБА Еврокупот со победа

vojdan

Турскиот клуб Бујукчекмече го победи унгарскиот тим Керменд со 79:72, со што Војдан Стојановски и неговите соиграчи со позитивен резултат ги започнаа натпреварите од втората фаза на ФИБА Еврокупот.

Бујукчекмече на полувреме имаше плус седум, а интересно таа предност ја задржа и на крајот на средбата, додека Стојановски постигна 8 поени, а имаше и 4 скокови и 1 асистенција. Најефикасен бил Вокер кој реализирал дури 29 поени. Во истата група Невезис ја победи Алба Фехервар дури по продолжение.

Facebook Коментари