Поврзете се со нас

Лига на нации

Бугарите го планираат Разград како домаќин за дуелот со Македонија

Објавено

на

Бугарија е еден од противниците на Македонија во следното издание на Лигата на нации, а нашите најдобри фудбалери веројатно ќе бидат гости во Разград.

Вообичаено, бугарската репрезентација ги игра натпреварите во Софија, но сега се размислува на опцијата Разград, пренесуваат медиумите од нашиот источен сосед.

– Навистина има таква варијанта, разговаравме со стручниот штаб одредени натпревари да се играат надвор од Софија. Една од варијантите е да ја пречекаме Македонија во Разград, но не е донесена конечна одлука, – изјавил техничкиот директор Георги Иванов за бугарски „Спортал“.

Бугарите ги играат натпреварите на „Васил Левски“, но изминатиот период има многу мала посетеност, додека се очекува стадионот на Лудогорец (со максимален капацитет од 10.500 гледачи) да биде со исполнет капацитет за еден натпревар на националниот тим.

Бугарија и Македонија се среќаваат на отворањето на новото издание на Лигата на нации на 2. јуни, а во оваа група се уште и Грузија и Гибралтар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни