Поврзете се со нас

Лига на нации

Бугарија ќе ја пречека Македонија на стадионот на Лудогорец

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација ќе го започне новото издание на Лигата на нации со гостување во соседна Бугарија, а нашиот противник донел конечна одлука за стадионот на кој ќе се игра средбата во јуни.

Иако Бугарската фудбалска федерација досега само навестуваше, УЕФА на официјалната интернет страница потврди дека е донесено решение натпреварите да се играат во Разград.

Тоа значи напуштање на националниот стадион „Васил Левски“ во Софија, односно Бугарија и Македонија ќе ги одмерат силите на стадионот на клубот Лудогорец, кој последните години доминира на фудбалската сцена кај нашиот источен сосед.

Засега е потврдено дека Бугарија ќе игра во Разград против Македонија и Грузија, а може да го пречека Гибралтар во друг град.

Натпреварот Бугарија-Македонија ќе се игра на 2. јуни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни