Поврзете се со нас

Италија

Буфон за животната грешка од која најмногу се срами: Најмалку сум горд што ја купив мојата диплома

Објавено

на

Foto:instagram.com/gianluigibuffon

Џанлуџи Буфон за многумина беше бепрекорен пример за тоа како треба да се однесува едне голем професионалец на теренот и надвор од него, но самиот Џиџи сега открива дека и тој не е перфектен и дека во една ситуација ја искористил својата привилегија за да се стекне со важен документ.

Легендарниот италијански голман се повлече од професионалното играње фудбал на 45 години, а сега како зрел човек кој е дел и од италијанската репрезентација, не се срами да признае дека направил голема грешка во својот живот.

Буфон во последно време се исповеда за работите за кои се кае кога е фудбалската кариера во прашање, но сега проговори и за купувањето на диплома за стекнување на формално образование.

Фудбалерите во најголем дел не продолжуваат со студиите и се задоволуваат само со завршено средно образование, а Џиџи сега откри дека морал да ја купува таа диплома.

– Како и секој човек, имам направено многу грешки во животот. Тоа особено го правев кога бев млад. Најмалку сум горд и се срамам на тоа што го направив на 18 години. Ја купив образовната диплома. Ако се навратам низ годините, никогаш не би го повторил тоа, сметам дека е неправедно. Одев по скратен пат и се стекнав со предност во однос на моите врсници, иако никогаш во животот не сакав да добивам ништо на тацна, – признава Буфон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни