Поврзете се со нас

Италија

Буфон за одлуката на Донарума да си замине од Милан: Никој не треба тоа да го коментира…

Објавено

на

Ветеранот Џанлуџи Буфон и оваа сезона е активен и тоа во таборот на Парма, клубот во кој се појави на големата сцена.

Сега тој ќе се обиде да помогне клубот да се врати во Серија А, но ова не значи дека нема простор за да даде коментар за дел од најзначајните случувата во Италија. Имено големиот Џиџи истакна дека воопшто не е изненаден што Кристијано Роналдо го напушти Јувентус во летниот преоден рок, а пак во однос на Џанлуџи Донарума и одлуката да се збогува со Милан и се пресели во ПСЖ неговиот коментар е следен:

-Изборот на момче кој е професионалец мора да се почитува. По години во кои не играше во одредени сцени, тој избра да си оди и никој не може тоа да го коментира. Зборуваме за момче на кое му остануваат години и години во кариерата, барајќи ги задоволствата што јас ги најдов.

-Тој беше во одредена ситуација; Пари Сен Жемен има една од силните страни во голот и затоа игра Кејлор Навас. Мислам дека Џиџио нема да има проблем да биде референца, -порача Буфон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни