Поврзете се со нас

Италија

Буфон за новиот тренер на Јувентус: Тој ќе му донесе нешто посебно на клубот

Објавено

на

Foto:instagram.com/gianluigibuffon

Јувентус по освоениот трофеј во Купот на Италија одлучи да му се заблагодари на тренерот Масимилијано Алегри и експресно се впушти во пронаоѓање на негов наследник.

Паоли Монтеро ја заврши сезоната, меѓутоа беше јасно дека тоа е само привремено решение на таа позиција, позиција која треба да биде пополнета со Тијаго Мота. Иако тоа се уште официјално е е потврдено, Бразилецот со италијански пасош ќе седне на жешкото столче, поточно ќе се впушти во најтешкиот, најголемиот предизвик во досегашната тренерска кариера.

Тој годинава направи „чудо“ со пласманот на Болоња во Лигата на шампионите и во Торино се надеваат дека таа добра работа ќе биде потврдена кај нив.

Џиџи Буфон како легенда на „старата дама“ го искоментира потегот на Јувентус за кој смета дека е вистински, поточно очекува Мота да му донесе нешто посебно на клубот.

-Јуве веројатно се обидува да внесе нова искра во амбициозен проект и според мене имаа храброст да ризикуваат. Сепак ова го гледам како пресметан ризик. Со оглед на тоа што го покажа досега во кариерата, Тиаго Мота докажува дека има нешто посебно. Би рекол дека и пред Болоња, тоа беше нешто како мало ремек-дело во Специја, -истакна Буфон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни