Буфон за неколку дена ќе полни 42 години, а вечерва направи паради како да има барем 20 помалку (Видео)

bufon-odbrana

Јувентус ја победи Рома со 3:1 и се пласираше во полуфиналето на Копа Италија, натпревар на кој „старата дама“ сите голови ги постигна во првото полувреме.

Во вториот дел единствениот гол пристигна на самиот старт, откако погодокот на Џенгиз Ундер подоцна беше впишан како автогол на Џиџи Буфон. Искусниот голман немаше среќа и одбиената топка од гредата удри во неговата рака и заврши во голот, но сепак ова не ги занемарува неговите неколку фантастични интеревенции кои ги видовме во второто полувреме. Голманот кој за неколку дена ќе наполни 42 години имаше три супер одбрани во вторите 45 минути, од кои посебно бравурозна беше онаа во судиското надополнување кога спречи чист гол на Коларов за 3:2.

Facebook Коментари