Поврзете се со нас

Италија

Буфон за единствената „црна дамка“ во кариерата: Никогаш не го доживеав како фудбалска рана

Објавено

на

Foto:twitter.com/ParmaCalcio_en

Џанлуиџи Буфон долго го одложуваше своето повлекување и објави пензија откако влезе во петтата деценија во животот, па иако повеќе од 20 години играше на највисоко ниво, зад себе остави една „црна дамка“ која постојано му ја потенцираат Италијанците.

Џиџи премина во репрезентативните води по крајот на кариерата и од неодамна е дел од стручниот штаб на Лучијано Спалети како координатор на „аѕурите“, а сега како пензиониран фудбалер проговори за титулата која е единствената која му недостасува од клупската кариера.

Буфон во неколку наврати беше блиску до „клемпавкото“ во најелитното европско натпреварување, но ниту еднаш не успеа да го подигне и да стана европски шампион со Парма и Јувентус, а потоа и со ПСЖ.

– Јувентус беше мојот фудбалски живот, имам незаборавни спомени, авантури кои ќе ги паметам цел живот. Лигата на шампионите никогаш не ја доживеав како рана и црна дамка.

– За мене секогаш беше поттик да се борам во тоа големоо натпреварување, но не се чувствувам ранет бидејќи не го освоив. Мене ми беше жал за навивачите и директорите на Јувентус, кои копнеат по овој трофеј речиси 30 години. За мене лично, играњето во Лигата на шампионите беше радост, ако победев, ќе го затворев само циклусот. Сепак, немам грижа на совест и вака ми е многу добро, – вели Буфон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни