Поврзете се со нас

Италија

Буфон: Во Јувентус ќе освоевме четири титули во ЛШ ако имавме……

Објавено

на

Foto:instagram.com/gianluigibuffon

Џанлуиџи Буфон како координатор на италијанската фудаблска репрезентација има доста слободно време во период кога се актуелни националните првенства, па изминативе неколку дена ги искористи за да одработи неколку интервјуа.

Неповторливиот италијански чувар на мрежата реши да стави крај на кариерата на 45-годишна возраст и се повлече во матичната Парма, но најголемите успеси ги оствари во Јувентус каде бранеше речиси две децении.

Џиџи стана актуелен во јавноста поради тоа што се наврати на некои клучни моменти кои ја одбележаа неговата кариера, меѓутоа направи и интересна споредба меѓу Јувентус и ПСЖ, два тима кои со години наназад имаат неуспешни обиди да ја освојат Лигата на шампионите.

– Кога бев во завршницата од мојата прва етапа во Јувентус, мислев дека ги имаме најдобрите играчи во светот. Потоа заминав во ПСЖ и видов неверојатни играчи на едно место.

– Мбапе, Верати, Тиаго Силва…… Ако ги имавме тие играчи во Јувентус, ќе освоевме четири титули во Лигата на шампионите, – вели Буфон во разговорот со Џанлука Гацоли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни