Италија
Буфон: Влаховиќ е во топ три, Дибала треба да остане во Јувентус само во еден случај

Џанлуиџи Буфон денеска полни точно 44 години, а по повод неговиот роденден, тој одработи ексклузивно интервју за „Газета дело Спорт“ и се огласи за двете најактуелни теми во неговиот поранешен клуб Јувентус.
Буфон како голманска легенда на „старата дама“ и натаму будно ги следи сите случувања во клубот и навива за подобрување на работите во Торино, па во моменти кога топ теми се Душан Влаховиќ и Пауло Дибала, искусниот чувар на мрежата даде свое мислење за двајцата.
Џиџи го стави Душан Влаховиќ во топ три најдобри млади играчи во светот и верува дека тој многу ќе придонесе за напредок на тимот на Алегри, но од друга страна пак, верува дека Пауло Дибала треба да остане само ако смета за почитуван од страна на клубот.
– Трансферот на Влаховиќ е огромен и изненадувачки за мене. Тој е во топ три најдобри млади играчи во светот заедно со Халанд и Мбапе. Тој има нешто поинакво од другите. Тој ја еволуира позицијата „9“, физички е многу јак и навистина динамичен.
За разлика од Влаховиќ кој ги договори сите детали за трансфер, Пауло Дибала се двоуми дали да остане во клубот, ситуација за која со коментар се јави и Буфон.
– Да бев на местото на Дибала, ќе останев во Јувентус и за помалку пари. Сепак, тој треба да остане во Јувентус ако се чувствува ценет и почитуван. Ако бев на местото на Јувентус, ќе бев воодушевен од напаѓачки тандем меѓу Влаховиќ и Дибала, – завршува Буфон.
-
Шпанијапред 24 часа
Азар се врати и му ја скрши ногата на противникот, играчот на Кадиз покажа како изгледа стапалото (Видео)
-
Францијапред 23 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Италијапред 24 часа
Сари: Милинковиќ-Савиќ нема да оди во Јувентус
-
Италијапред 20 часа
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
Англијапред 16 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
Лига на шампионипред 20 часа
Чеферин со најава за големото финале во ЛШ: Реал има слаба одбрана, но девет животи!
-
НБАпред 23 часа
Голем скандал: НБА играч и се заканувал со пиштол на својата партнерка
-
Светски првенствапред 12 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја