Поврзете се со нас

Италија

Буфон со прва изјава откако неговиот син ја избра Чешка: Нема кратенки во фудбалот!

Објавено

на

Foto:instagram.com/gianluigibuffon

Џанлуиџи Буфон одбележа една ера како прв голман на италијанската фудбалска репрезентација, а по крајот на кариерата, остана составен дел од националниот тим и сега работи како тим менаџер и координатор во селекцијата.

Легендарниот Џиџи е составен дел од секој национален собир и има можност да ги коментира сите актуелности во јавноста, но во последно време доста интересна е сторијата поврзана за неговиот син.

Томас Буфон реши да го прифати повикот од Чешка и младинската кариера на репрезентативен план ќе ја гради во земјата од која потекнува неговата мајка, па по овој негов избор, денеска конечно со прва изјава се јави и Џиџи.

– Тој самостојно и слободно го направи својот избор, исто како што сам одлучи да замине во редовите на Пиза. Дискутиравме за тоа како семејство и среќни сме за неговиот избор.

– Тој мора да носи свои сопствени одлуки за кариерата, без да има било какво надворешно влијание, дури ниту од мене. Не смее да чувствува притисок што го носи презимето Буфон. Тој ќе си оди по свој сопствен пат, во фудбалот нема кратенки. Се што досега заработил од фудбалот, го заработил сам, ќе видиме што ќе донесе иднината за него, – вели Буфон.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни