Поврзете се со нас

Италија

Буфон со емотивни зборови му се обрати на Бонучи, но не заборави уште две легенди кои испишаа историја во Јуве (Фото)

Објавено

на

Foto:instagram.com/gianluigibuffon

Леонардо Бонучи ги оствари најавите и стави крај на својата кариера по кратката авантура која ја имаше во Турција, која пак следеше по шестмесечниот престој кој го имаше во Унион Берлин.

Иако последната година од неговата кариера не мина онака како што замислуваше, Бонучи остана на првичниот план и објави пензија по крајот на сезоната, а лошите спомени од завршните 12 месеци сепак не можат да го избришат се она добро што го направи во претходниот дел од кариерата.

Бонучи најдобррите фудбалски денови ги имаше во Јувентус и оствари посебна врска со тројца свои соиграчи од тимот, па сега тоа го апострофираше и Џиџи Буфон во емотивната порака која му ја испрати на Лео по повод неговото повлекување.

– Како што се случи со Барѕалји, со мене и потоа со Кјелини, твоето пензионирање носи меланхонија на душата, чувство кое не прави горди на тоа што бевме некогаш, но истоврермено не тера да сфатиме дека времето одминува.

– Токму во минатото наоѓаме одредени чувства и емоции низ кои заедно минавме во ова убаво патување, каде заеднички фактор ни беше меѓусебната доверба. Си верувавме еден на друг и благодарение на таа доверба креиравме убав дел во фудбалската историја.

– Голем Лео, ти беше мој придружник во многу битки и сигурен сум дека со истата самодоверба и со вообичаената одлучност ќе гледаш на она што ти го носи иднината, – порача Буфон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни