Поврзете се со нас

Италија

Буфон: Серија А е втора најдобра лига во светот!

Објавено

на

Foto:instagram.com/gianluigibuffon

Џанлуиџи Буфон во божиќното интервју за „Ла Стампа“ испрати една „отровна стрела“ до сите новинари и експерти кои се обидуваат да внесат немир во Јувентус со споредбите меѓу Масимилијано Алегри и Тиаго Мота, но во разгорото со угледниот медими, не пропуштил да го нагласи и големиот напредок кој го бележи Серија А.

Најсилното фудбалско натпреварување во Италија го допре дното пред неколку години, но сега изгледа котира далеку повисоко на УЕФА листата, а според Џиџи Серија А во овој момет е втора најдобра лига во светот.

Легендарниот голман смета дека само Премиер лигата е натпреварување со кое Калчото не може да се носи во овој момент, но е уверен дека Италијанците се на добар пат да парираат за што доказ се и се подобрите учества на европските натпреварувања.

– Нашиот фудбал претрпе сериозна промена, а тоа се случи во позитивен правец. После Премиер лигата, Серија А е најдобрата лига во светот. Ние сме зад Англичаните во овој момент. Културолошки гледајќи го фудбалот, мислам дека сите уживаат додека гледаат натпревари во Серија А.

– Аталанта е најдобар пример за клуб кој не влече напред. Тоа е тим кој сите сакаат да го гледаат. Не сум изненаден од нивниот успех, нема простор за импровизација кога сакате да достигнете највисоко ниво. Перкази семејството изгради извонреден проект и засега има оди навистина добро, – потенцира Буфон.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни