Италија
Буфон: Се прават штетни споредби за да го налутат Јувентус
Џанлуиџи Буфон има голема и важна мисија во националниот тим на Италија повеќе од една година, па затоа сега попретпазливо треба да ги бира зборовите кога дава изјави за клупскиот фудбал.
Популарниот Џиџи најпрво беше назначен за наследник на Џанлука Виали и беше поставен за тим менаџер во репрезентацијата, но од пред три месеци доби уште поголема одговорност, односно беше именуван за „референтен директор“.
Буфон ја има задачата да биде главен контакт и посредник на делењето информации меѓу репрезентацијата и клубовите и тренерите во Серија А, па токму поради тоа, не се наоѓа во ситуација да дава пристрасни изјави за својот сакан Јувентус.
Во последното обраќање за „Ла Стампа“, Џиџи доста не навлегуваше во одлуките кои ги носи новиот тренер Тиаго Мота, но затоа реши да се истапи со интересна изјава кога се во прашање споредбите кои се почесто се прават во јавноста.
– Престанете со споредбите меѓу Алегри и Мота, тоа ги надминува границите. Едниот тренер освои многу во кариерата, а Тиаго самошто стартува. Секој што прави такви споредби е носен од желбата да му наштети на Јувентус.
– Имам голема почит кон Тиаго и верувам дека е добро тоа што планира да го изгради. Кога се менуваат толку многу работи во краток период, потребно е малку повеќе време. Мота е педантен и добро подготвен тренер, сигурен сум дека е навикнат да работи на вакво ниво, – потенцира Буфон.
-
Италија21 час
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства19 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Италија16 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија22 часа
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Англија20 часа
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Македонија19 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
Англија18 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)
-
Балкан18 часа
Барди „раскинал“ со Трабзонспор, може да се врати во Шпанија