Поврзете се со нас

Италија

Буфон по победата над Кротоне и можната битка за титулата со Интер: Тие се на исто ниво со нас, бев изненаден што…

Објавено

на

blank

Легендарниот италијански голман чие име со златни букви ќе биде запишано во историјата на фудбалот, Џанлуиџи Буфон на вчерашниот натпревар против Кротоне го забележа својот 654 настап во кариерата  во Серија А.

На историскиот натпревар, Буфон ја зачува својата мрежа чиста и му помогна на Јувентус да дојде до посакуваните три бода со кои се доближи на минус осум во однос на лидерот Интер, но има и еден натпревар помалку.

Буфон по средбата говореше и за можноста тие да се соочат со Интер во трката за титулата потенцирајќи дека „нероазурите“ се сериозен под водство на Антонио Конте.

– Јасно е дека ни беше потребна победата. Начинот на кој стигнавме до неа не е предвидлив. Во првиот половина час бевме доста добри, а најважно е што го задржуваме натпреварувачкиот дух цели 90 минути.

– Се знае дека формата на интер не е изненадување. Бев изненаден што досега не го покажаа квалитетот на нивниот тренер и нивниот состав. Во најмала рака тие имаат иста вредност како нас, -изјави Буфон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни