Буфон откри кога ќе донесе одлука за неговата кариера

buffon3

Италијанската фудбалска легенда Џанлуиџи Буфон пред 15 дена го прослави 40 роденден, но тој и понатаму е активен на терените и е прв голман на Јувентус, меѓутоа се уште постои дилема за тоа кој ќе биде неговиот следен потег со оглед на тоа што му истекува договорот.

За тоа постои и голем интерес од јавноста, па големиот Џиџи реши да даде конкретен одговор за тоа кога ќе биде соопштена и донесена одлуката.

-Не можам да создадам лажни очекувања или да кажам лаги. Вистината е дека имам џентлменски договор со претседателот Ањели и пред крајот на сезоната морам да се сретнам со него. Кога тоа ќе се случи, ќе ја разгледаме ситуација и донесеме конеченна одлука. Играч никогаш не сака да престане да игра, -порачал Буфон.

Facebook Коментари