Поврзете се со нас

Италија

Буфон обелодени како му се обраќа на Пирло пред останатите соиграчи во Јувентус

Објавено

на

Џанлуиџи Буфон пред извесно време постави уникатен рекорд на 43 години и стана игрчаот со најмногу настпаи во топ 5 лигите во Европа, достигнување кое најдобро докажува колку долго трае легендарниот италијански голман на фудбалската сцена.

Безвременскиот Џиџи повремено добива шанса во Јуве и на свои 43 години демонстрира дека рефлексите се уште се составен дел од неговиот богат репертоар на квалитети, поради што самиот тој смета дека може да биде дел од фудбалот уште две години.

– Во мојата глава, има само еден конечен крај, тоа е максималната граница која сакам да си ја дозволам. Станува збор за јуни 2023-та година.
Тоа е последниот датум, последната граница, навистина максимумот кој можам да го достигнам. Но, од друга страна пак, можеби ќе завршам и ќе се пензионирам за четири месеци, по крајот на сезоната.

– Луѓето ми велат дека во овие години, падот доаѓа одеднаш, без никаква најава. Јас не верувам во тоа, се чувствувам добро и нема најава дека ќе доживеам некаков колапс на играчко ниво, – вели Буфон во интервјуто за „Гардијан“, во кое открива и како му се обраќа на Пирло кој е две години помлад од него.

– Во соблекуваланта, пред сите други играчи, Пирло за мене секогаш ќе биде „Мистер“. Така го викам сега, тоа е начин на изразување, тоа е неговата улога во тимот, тоа е мојот начин на респектирање. Се додека е така, се додека јас сум тука како играч, а тој како тренер, ќе го викам „Мистер“. Кога нема да биде така, ќе се вратиме на Џиџи и Андреа, – открива Буфон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни