Поврзете се со нас

Европски првенства

Буфон: Ништо не се променило во Германија…

Објавено

на

Foto:instagram.com/gianluigibuffon

Италија го освои последното Европско првенство кое завршница имаше на „Вембли“ и на турнирот во Германија влегува како бранител на титулата, а иако многумина им даваат малку шанси на „аѕурите“, членовите на италијанскиот тим имаат многу добри спомени и очекувања од претстојниот турнир.

Џиџи Буфон како тим менаџер зборуваше за своето искуство кое го имаше пред точно 18 години во истата земја, кога неговата генерација на Италија стигна до светската титула на германско тло во драматичното финале со Франција.

Буфон верува дека големата италијанска заедница во Германија може да биде клучна за националниот тим, бидејќи „аѕурите“ на многу натпревари ќе се чувствуваат како да играат дома.

– Непопустливата поддршката и постојаната присутност на голем број Италијанци прават да се чувствуваме како да сме дома. Кога бевме во Германија во 2006-та година, целосно се чувствувавме како да играме дома.

– Од тоа што го гледам сега, можам да кажам дека ништо не се променило. Ист ќе биде случајот и на ова Европско првенство, – вели Буфон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни