Поврзете се со нас

Италија

Буфон не прими гол на „дебито“ за Парма, го одбележа враќањето на социјалните мрежи (Фото)

Објавено

на

Џанлуиџи Буфон не дозволи погодок во својата мрежа додека го чуваше голот на Парма на пријателскиот натпревар со Бохум.

Германскиот тим победил со 1:0 на контролниот дуел, но голот го постигна во второто полувреме, во кое искусниот Буфон му го отстапи местото на помладиот колега Филипо Риналди.

По цели 26 години, легендарниот голман се врати во редовите на Парма и ќе се обиде да му помогне на тимот да се врати во Серија А.

Самиот Буфон преку социјалните мрежи го одбележа враќањето во Парма.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни