Поврзете се со нас

Италија

Буфон: Не ми се потребни осум трофеи во ЛШ……

Објавено

на

Џанлуиџи Буфон има 44 години и се уште нема во план да замине во пензија, бидејќи сигурно е дека ќе биде фудбалски активен и на 45 години со оглед на тоа што ја стартуваше сезоната, а роденден му е во јануари.

Легендарниот италијански чувар на мрежата одбива да стави крај на кариерата и да им остави простор на помладите колеги, па како ветеран кој го брани голот на саканата Парма, вели дека нема проблем да игра во Серија Б после се она што оствари во кариерата.

Буфон ги освои сите најголеми титули со Италија и Јувентус, но му недостасува само трофејот во Лигата на шампионите, оној до кој беше многу блиску, но сепак не го подигна.

– Можам да продолжам да играм поради повеќе причини. Се чувствувам силен и компетитивен. Се наоѓам во години кога можам сам да одлучам кога е доста, ја контролирам ситуацијата. Се вратив во Парма бидејќи сум среќен тука и поради тоа што гледам колку им значи на фановите што го носам овој дрес.

– Освоив толку многу во кариерата, но пропуштив и многу титули. Среќен сум за она што се изборив. На пример, не ми се потребни осум трофеи во Лигата на шампионите за да знам колку сум добар. Не ми се потребни тие титули, знам колку вредам и без нив, – вели Буфон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни