Поврзете се со нас

Франција

Буфон: Направив една грешка во ПСЖ и сите го паметат само тој кикс, таков е животот на најдобрите (Видео)

Објавено

на

Џанлуиџи Буфон мина само една сезона во Париз и вели дека по добро ќе ја памети својата авантура во Франција, без оглед на тоа што е свесен дека најмногу ќе се памети неговата грешка во осминафиналниот дуел со Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите од 2019-та година.

ПСЖ се врати од „Олд Трафорд“ со предност од 0:2, но сето тоа беше фрлено во вода бидејќи Французите на домашен терен загубија со 1:3, средба на која Буфон имаше една лоша реакција по ударот на Нејмар, по што Лукаку без проблеми ја затресе неговата мрежа.

Две години подоцна, Џиџи реши да се отвори за оваа ситуација по направениот трансфер во Парма, каде очекува да има слични предизвици и лоши ситуации како тој на „Паркот на принцовите“.

– Имав добра сезона во Париз, но сите ја паметат грешката која ја направив во Лигата на шампионите. Таа грешка не чинеше, но ние тој меч не го загубивме 1:0, туку 3:1. Тоа беше лоша ноќ и ќе се сеќавам на неа, – признава Буфон во интеврјуто за „Газета“, во кое открива дека му посакал се најдобро на Донарума во неговата етапа во ПСЖ.

– Вистината е дека јас одам на тенок мраз од мојата 17-та година. Ми се случи тоа во Јуве, во ПСЖ и ќе се случи пак во Парма. Вистината е дека никој не им простува на најдобрите, сите чекаат само да паднете. Такво нешто ќе чекаат сите и од Донарума, но тој ќе остане мирен бидејќи е многу силен. Ќе му биде добро во Париз, дури и подобро од мене. Си испраќавме пораки за време на Европското првенство и дискутиравме за неговиот трансфер во ПСЖ, – обелоденува Џиџи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни