Италија
Буфон: Манџукиќ со години повторуваше само два збора во Јувентус
Џанлуиџи Буфон смени многу генерации на фудбалери во Јувентус за време на својата 17-годишна етапа во Торино, но како што вели самиот, еден од најомилените ликови на кои налетал во фудбалот е Марио Манџукиќ.
Хрватскиот напаѓач ја фати завршната етапа на Џиџи во италијанскиот великан и заедно освоија три титули во Серија А и играа во финале во Лигата на шампиони, но од споменатите три години, Буфон најмногу памти само два збора кои постојано ги повторувал Манџукиќ.
Марио го доби епитетот на „лошо момче“ во Торино поради тоа што речиси никогаш не можеше да се види насмеан, но популарлниот „лошко“ всушност беше еден од омилените во соблекувалната кај своите соиграчи.
– Марио Манџукиќ беше посебен. Првиот ден во Јувентус доби ормар во средината на соблекувалната и веднаш почна да мрмори.
– Секогаш го велеше истото „Не е добро, не е добро“…. Тоа беа единствените два збора кои ги кажуваше на италијански и англиски. Со години ги поторуваше тие два збора, но од друга страна, беше посебен и многу важен за нас. Кога не знаевме што да правиме со топката и кога натпреварот стануваше тежок, знаевме дека може да се потпреме на него. Таков беше нашиот Марио, – вели Буфон.
-
Италија24 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства21 час
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Англија23 часа
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Светски првенства9 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Италија19 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Шпанија9 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Светски првенства10 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Англија14 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)