Буфон ќе добие министерска функција

bufon

Џиџи Буфон веројатно ќе ја заврши својата успешна кариера по крајот на актуелната сезона, а според неговите досегашни најави не е заинтересиран за влегување во тренерските води.

Првите шпекулации беа дека очекувано Јувентус ќе му понуди директорско место, а од Италија сега пристигнува и интересна најава која може да го лансира Буфон и во политиката.

Лидерот на новата политичка партија Ринашименто, Виторио Сгарби во последното интервју најавил дека ќе му понуди позиција министер за спорт на Буфон доколку дојде во позиција да учествува во новата италијанска влада.

– Буфон поседува авторитет, ја претставува својата земја и наскоро ќе се пензионира. Се интересира за уметноста и политиката и заинтересиран е за нашите најавени реформи, за што веќе и ми пиша. Се видовме на изложба во Трст и тој ми ја потврди поддршката, – изјавил Сгарби.

Facebook Коментари