Буфон со јасна гестикулација му објасни на Бернардески зошто прими невообичаен гол од Ериксен (Видео)

gigi-mrea

Џанлуиџи Буфон сигурно ќе размислува за невообичаениот гол кој го прими од Кристијан Ерикесен во аголот кој го бранеше на синоќешниот меч меѓу Јувентус и Тотенхем, бидејќи со истиот гостите од Лондон остварија исклучително добар резултат пред реваншот во кој сега фаворитската улога се префрли на другата страна.

Искусниот чувар на мрежата прими еден од најлесните голови во изминатите неколку години во Лигата на шампионите, дозволувајќи да биде надмудрен во ситуација кога шутот не беше многу силен и прецизен. Буфон едноставно беше фатен во расчекор и беше лошо поставен во целата таа ситуација, а по крајот на натпреварот со јасна гестикулација му објасни на Бернардески дека направил лоша проценка.

Џиџи се обиде да му објасни на Бернардески дека очекувал удар над живиот ѕид, обиди кои инаку се специјалност на Ериксен, но во дадената ситуација Данецот ја промени рутината и со таквиот пристап го изненади Буфон кој имаше една од своите полоши реакции во последната декада.

Facebook Коментари