Поврзете се со нас

Италија

Буфон изненаден од еден играч на Јувентус: Не верував дека е толку добар, ако ги правите…

Објавено

на

Џанлуиџи Буфон одлучи да остане активен во фудбалот и барем уште една сезона да стои меѓу стативите и тоа на голот на Парма.

Тој на „Енио Тардини“ пристигна од Јувентус, клуб во кој мина многу години со тоа што во последната имаше можност да ја дели соблекувалната со Федерико Киеза кој пак е син на Енрико со кого големиот Џиџи своевремено настапуваше во Парма.

Буфон бил шокиран од квалитетот на Федерико, односно признава дека на почетокот не верувал дека е толку добар се додека лично не се уверил во квалитетите на италијанскиот репрезентативец.

-Кога пристигна во Јуве, не верував дека е толку добар. Јас сум искрен. На Европското првенство беше неверојатен, на последниот натпревар со Англија беше невозможно да се запре.

-После една сезона во Јуве со Федерико, тоа веќе не е изненадување за мене, но не беше очигледно дека ќе може да игра на толку високо ниво на турнир како Европското првенство. Ако ги правите тие работи на толку високо ниво, тогаш тоа значи дека сте навистина посебни, -вели искрениот Џанлуиџи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни