Италија
Буфон избра најдобар играч за време на кариерата: Требаше да освои пет „Златни топки“
Џиџи Буфон освои многу трофеи за време на долгата и успешна голманска кариера, а во неа имаше можност да биде соиграч на голем број истакнати фудбалски имиња.
За време на последниот натпревар на италијанската репрезентација, актуелниот директор на националниот тим зборувал на поинакви теми, а од него било побарано да биде издвоен најдобриот играч со кого или против кого имал можност да настапува.
– Играв со три генерации на фудбалери. Како да изберам, тука меѓу другите беа и Зидан, Роналдо, Меси, Иниеста, Кристијано…
– Мислам дека Нејмар беше најдобар и требаше да освои пет „Златни топки“ поради тоа каков фудбалер и личност е“ – рекол Буфон.
Италијанскиот голман се потсетил и на нивниот заеднички сон да ја освојат Лигата на шампионите со ПСЖ.
– Победивме со 2:0 во Манчестер против Јунајтед, па добив впечаток дека не се подготвуваме најдобро за реваншот. Но, не реков ништо, затоа што јас бев нов во тимот, а таму имаше многу шампиони. Примивме гол поради грешка на одбраната, втор поради моја несоодветна интервенција, а на крајот и трет гол по кој бевме елиминирани. Не бевме добро подготвени, – истакнал Буфон.
-
Шпанија20 часа
Маестро Модриќ му покажуваше на Мбапе каде да се движи на теренот, па испорача фудбалски деликатес (Видео)
-
Италија19 часа
Раниери откри зошто го закова за клупа капитенот на Рома
-
Англија17 часа
Шок во Манчестер: Ретклиф го „шутна“ засилувањето од Њукасл по само пет месеци! (Фото)
-
Англија18 часа
Караницата меѓу Белингам и Арда предизвика ерупција на Реал во Каталонија (Видео)
-
НБА18 часа
НБА хит: Циркузантската тројка на Дончиќ „од паркинг“ со звукот на сирената (Видео)
-
Англија9 часа
Палмер испиша историја во ПЛ, Челси со голем пресврт до славје во трилерот со Тотенхем
-
Англија19 часа
Аморим објасни зошто го извади Бруно во ситуација кога Јунајтед бркаше израмнување
-
Шпанија17 часа
Мбапе си „играше со оган“, судијата го помилува и не му покажа црвен картон (Видео)