Поврзете се со нас

Европски првенства

Буфон: Италија е потценета пред ова Европско првенство

Објавено

на

Фото: https://www.facebook.com/FIGC

Легендарниот италијански голман, Џиџи Буфон, денеска бил дел од прес-конференцијата на Италијанците во пресрет на почетокот на Европското првенство, а новинарите го искористиле неговото присуство да му постават интересни прашања.

Актуелниот член на делегацијата на „азурите“ во Германија смета дека неговиот национален тим е потценет од стручната јавност.

– Мислам дека овој тим е сериозно потценет пред почетокот на ЕП.

– Подготвеноста и начинот на однесување кај момците е неверојатен, имаме пет-шест топ играчи и одличен тим за ова натпреварување, – изјавил Буфон.

Од поранешниот прв голман на Италијанците било побарано мислење и за избраните фудбалери на оваа позиција од селекторот Лучијано Спалети.

– Мислам дека Џиџио Донарума е еден од најважните играчи и основа на овој тим, тоа го видовме и против БиХ кога имаше една тешка одбрана. Викарио е сигурен голман кој напредуваше многу во Премиер лигата, додека Мерет располага со големо искуство. Навистина имаме сериозен квалитет на оваа позиција и уште долго не треба да се грижиме за голманите, – вели Буфон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни