Буфон испрати важна порака до фановите на Јувентус

bufon

Џиџи Буфон во своето последно интервју уште еднаш демантираше дека имал расправија со Бенатија по поразот од Наполи, потенцирајќи дека никогаш немал проблеми со дефанзивецот. Истовремено, капитенот на Јувентус најави дека тој и соиграчите се подготвени да му честитаат на ривалот ако ја освои титулата.

– Оваа сезона стана фасцинантна бидејќи во борбата за титулата е важен секој бод. Ние испуштивме пет бодови изминатите денови, но сепак имаме мала предност и важно е да ја задржиме во завршницата. Секако, ако Наполи ја освои титулата, ќе му „симнеме капа“, кој и да го освои првенството по 38 кола ќе го направи тоа заслужено, без разлика на киксовите и среќните моменти, – истакнал Буфон.

Капитенот испрати важна порака до навивачите на Јувентус.

– Им порачувам на фановите дека мора да бидеме обединети, во спротивно го правиме она што нашите противници го посакуваат, а тоа е наседнување на лажни вести и нивно коментирање. Се надевам дека навивачите ќе се обединат и ќе му ја дадат посакуваната заштита на тимот овие 20 дена во кои треба да бидеме вистинскиот Јувентус, – потенцирал искусниот голман.

Facebook Коментари