Буфон со две искрени изјави по дербито на „Сан Сиро“: Сите вртеа носеви за Ибра, Роналдо е неверојатен!

bufon-prst

Златан Ибрахимовиќ беше навистина активен на првото полуфинале кое неговиот Милан го одигра против Јувентус, но фактот што заработи жолт картон значи дека за жал ќе мора да го пропушти реваншот кој ќе се одигра во Торино, а кој ќе го одлучи патникот во финалето на Копа Италија.

Отсуството на Ибра ќе биде надополнето со Кастилјехо и Тео Ернандез кои исто така ќе бидат суспендирани, а Џиџи Буфон не криеше дека ова е позитивна вест за Јувентус, со оглед на тоа што неговиот помлад колега Златан прави разлика на теренот и покрај тоа што има 38 години.

– Не знаев дека Ибра е суспендиран за вториот меч. Мора да признаам дека ова го прифаќам со насмевка, се смеам на ова. Многумина ги вртеа своите носеви кога Ибрахимовиќ се враќаше во Милан, но тој на 38 години прави разлика на теренот и им докажа дека грешат. Навистина сум среќен за него, тој е фантастичен шампион, – изјави Буфон по крајот на мечот, а во продолжение не штедеше комплименти за Роналдо кој на 11-ти меч по ред постигна погодок и израмни на 1:1.

– Роналдо е неверојатен. Ќе признаам, една од причините поради кои се вратив во Јувентус беше можноста да играм и да тренирам со Кристијано секој ден. Секој ден е ново откритие со него, – признава Џиџи.

Facebook Коментари