Поврзете се со нас

Италија

Буфон: Донарума и Роналдо донесоа правилни одлуки

Објавено

на

Џанлуиџи Буфон се врати во својата парма како голмански ветеран и реши својата кариера да ја заврши во матичниот клуб, но ако се суди по стартот на сезоната, тој и неговите нови соиграчи ќе имаат навистина тешка задача во обидот да се вратат во италијанската елита.

Парма е на 14-то место и ќе мора многу да се подобри доколку сака да се приближи до горниот дел од табелата и баражот за влез во Серија А, натпреварување кое и натаму будно го следи легендарниот Џиџи, кој верува во квалитетот на лигата и покрај значајните заминувања изминатово лето.

Во фокусот секако се најдоа трансферите на Џанлуиџи Донарума и Кристијано Роналдо, кои Буфон сепак ги оправдува и вели дека двајцата играчи донеле коректни и правилни одлуки.

– Сметам дека Донарума направи повеќе од оправдан избор со заминувањето во ПСЖ. Оваа сезона нема да му биде лесно и ќе има потешкотии со Кејлор Навас, но тој ќе стане сигурен стартер во блиска иднина.

– Роналдо? Ако Кристијано не бил убеден дека треба да остане, тогаш донесе правилна одлука со заминувањето. Од друга страна, враќањето на Алегри е добра работа, се гледа дека има голема страст и убеден е дека работите ќе ги врати на вистинско место, – вели Буфон во интервјуто за „Калчомеркато“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни