Буфон доби жестока критика од Баслер: Ти помина времето за пензионирање, Јувентус никогаш…

Champions League - Juventus vs Tottenham Hotspur

Џанлуиџи Буфон не се прослави на вчерашниот меч против Тотенхем и израмнувачкиот гол кој го постигна Кристијан Ериксен секако оди на негова душа, а иако слабата реакција која ја прикажа искусниот Италијанец е една од ретките која воопшто некогаш сме ја виделе од него во Лигата на шампионите, тоа беше добар повод да слушнеме една жестока критика на сметка на голманот на Јувентус.

Поранешнoто германско крило и репрезентативец на „панцирите“, Марио Баслер, испрати „отровна стрела“ кон легендарниот голман на Јувентус и италијанската фудбалска репрезентација, јасно порачувајќи дека тој веќе задоцнил со заминувањето во пензија.

– Џиџи беше извонреден голман, но понекогаш, големите имиња знаат да го утнат правилното време за пензионирање. Тој го загуби својот момент за пензионирање, јас на пример се повлеков на 33 години. Клубот и тренерот Алегри мора да му кажат дека времето за пензија е веќе дојдено. Можеби тој навистина многу сака да ја освои Лигата на шампионите, но тој веќе не е голман со кој Јувентус ќе може да го освои ова натпрварување, – дрско и без влакна на јазикот порачува Баслер.

Facebook Коментари