Буфон: 40-годишен спортист мора да размислува рационално

buffon-nesta

Џиџи Буфон беше дел од дефилето на голем број фудбалски ѕвезди на ревијалниот натпревар со кој Андреа Пирло ја заврши фудбалската кариера, а италијански „Скај Спорт“ тоа го искористи за да добие одговор за најголемата дилема деновиве, односно дали искусниот голман ќе се пресели во ПСЖ.

– Ми треба време за да донесам одлука, ми треба една недела за да ги анализирам сите фактори. Изборот не е лесен, а 40-годишен спортист треба да размислува рационално и да ги остави емоциите на страна.

– Бев среќен во саботата и ја почувствував љубовта на фановите на Јувентус, горд сум на она што го постигнав со клубот. Ањели ми помогна и мислам дека го избравме најдоброто решение, а тоа беше да се разделам во Јувентус, – истакнал Буфон.

Facebook Коментари