Будуќност покажа сила во „Јане Сандански“, реновираниот МЗТ никако да мрдне од „мртва точка“

bojan

МЗТ Скопје значително го засили тимот во изминтиов период со аквизициите на неколку познати имиња, но кога е во прашање ситуацијата на теренот, истата останува непроменета и низата на порази се продолжи и вечерва.

Македонскиот преставник во АБА лигата го забележа и седмиот пораз на вечерашниот меч со лидерот Будуќност, а тоа за жал значи дека МЗТ во овој момент е најлошо пласиран тим во регионалното натпреварување со само две победи. Будуќност славеше со 71:93 во „Јане Сандански“ во натпревар во кој беше евидентна разликата во квалитет и воиграност на тимовите, а како клучни за уверливиот пораз се покажаа првата и последната четвртина.

Гостите од Црна Гора ја добија првата четвртина со 22:13, а ако во наредните две го одржуваа водството, во последната направија уште еден исчекор добивајќи ја истата со 32:18.

Новајлијата Мавра со 14 поени беше најефикасен играч во нашиот табор, а Лалиќ и Трајковски уфрлија по еден помалку. На спротивната страна, Ивановиќ со 14 беше најдобар, 13 придодаде Поповиќ, а 12 Гибсон.

Facebook Коментари