Поврзете се со нас

Свет

Будуќност го врати Џикиќ на тренерската позиција

Објавено

на

Кошаркарскиот клуб Будуќност денес објави дека Александар Џикиќ се враќа на тренерската позиција на составот од Подгорица.

Поранешниот македонски селектор се наметна со одличната сезона која ја имаше токму со Будуќност, во која црногорскиот претставник ја освои АБА лигата и обезбеди пласман во Евролигата, но подоцна се раздели со оваа екипа.

По Џикиќ, Будуќност го водеа Репеша, Мијовиќ, Суботиќ и Милојевиќ, но ниту еден од нив не успеа да ја прекине доминацијата на Црвена Звезда во АБА лигата.

Дејан Милојевиќ ја прифати понудата да стане дел од стручниот штаб на Голден Стејт, па Будуќност реши да го врати Џикиќ кој беше миленик на фановите.

Црногорскиот клуб објави дека Џикиќ потпишал двегодишен договор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни