Бубања: Против Работнички да го потврдиме позитивниот резултат од Струмица

pobeda-prilep

Фудбалерите на Победа ги очекува второ гостување во серија, а по победата во Струмица во претходното коло, прилепчани сега му гостуваат на Работнички во рамките на 15. коло на Првата македонска фудбалска лига. Тренерот Славољуб Бубања ги открива своите очекувања од оваа средба.

– Поразот од Пелистер во Купот малку не поремети, но тоа е веќе зад нас. Фудбалерите паузата ја искористија малку да се освежат, а оваа недела максимално тренираа и подготвено го дочекуваат утрешниот натпревар. Гледајќи неколку мечеви на Работнички увидов дека тоа е екипа која има добар баланс. Тоа е спој на неколку доста искусни фудбалери со млади играчи. Забележав дека мојот колега доста ротира во составот. Играат агресивен фудбал и по мене тоа е можеби екипа која најмногу трча од сите прволигаши. Сигурно не очекува тежок натпревар но ние не се предаваме. Напротив одиме за Скопје со желба да го повториме резултатот од Струмица.

– Знам дека ќе биде тешко но фудбалерите се подготвени и верувам дека ќе дадат се од себе да избориме позитивен резултат кој доста би ни значел во оваа фаза од првенството. Откако дојдов во Победа само 3 пати игравме дома, од тоа со Вардар и Шкендија како изразити фаворити и еден условно полесен натпревар со Скопје, кој не е во најквалитетните тимови во лигата. Позитивен резултат против Работнички би бил од големо значење за нас и со него многу полесно би влегле во останатите 3 натпревари до крајот на полусезоната од кои два пати играме дома со Силекс во недела и во последното коло со Ренова, а имаме уште едно гостување на Скопје.

За дуелот со Работнички во комбинација се сите фудбалери освен Карчески, кој ќе паузира поради 5 жолти картони, a средбата во Скопје започнува од 13 часот.

Facebook Коментари